Бразилската ѕвезда Нејмар ќе го пропушти утрешното гостување на Стазбур во рамките на 15. коло од француската Лига 1.
Тој има повреда на препоните поради која беше принудно заменет на дуелот со Бордо во неделата. Според француските медиуми, Нејмар веќе бил на детални прегледни, кои покажале дека нема причина за паника.
„Не е нешто сериозно, но треба да бидеме внимателни. Теренот во Бордо беше доста тврд и можеби проблемот беше токму тоа. Се надевам по натпреварот во Стразбур тој веќе да биде во добра состојба“, изјавил тренерот Тухел.