Големата ѕвезда на ПСЖ Нејмар може да добие сериозна санкција за невоздржаните коментари по крајот на натпреварот со Манчестер Јунајтед (1:3).
Тогаш Бразилецот, кој не игра поради повреда, бурно реагираше против судиите поради досудениот пенал, со кој „црвените ѓаволи” го елиминираа ПСЖ од Лигата на Шампионите. „Тоа е срам. Од УЕФА избрале четири лица, кои ништо не разбираат од фудбал, да гледаат повторувања на ВАР. Нема никаков пенал. Како може да има игра со рака, кога тој е со грб свртен кон топката? напишал Нејмар на „Инстаграм“.
Вчера УЕФА објави дека има истрага кон за Нејмар. Според весникот „Тајмс” санкцијата против Бразилецот ќе биде доста сериозна и тој нема да се извлече само со парична казна. Изданието претпоставува дека напаѓачот ќе биде казнет за три средби по примерот на Џанлуиџи Буфон.
Италијанецот доби токму таква санкција поради тоа што го нарече Мајкл Оливер „убиец” поради пеналот досуден во корист на Реал Мадрид во дуелот против Јувентус од полуфиналната фаза на Лигата на шампионите минатата сезона.
Се тврди дека Нејмар им викал на судиите во тунелот по натпреварот, што дополнително ја усложнува неговото положба. Решението за казната треба да биде донесено на седницата на дисциплинирана комисија на 28 март.