Нејмар, сепак, нека да игра на „Ел Класико“

0

Барселона ќе биде без Нејмар на големото дерби со Реал Мадрид, откако Шпанската фудбалска федерација ја отфрли жалбата на каталонците.

Бразилскиот репрезентативец доби суспензија од три натпревари поради аплауз кон помошникот судијата за време на поразот од Малага. За двата жолти картони беше казнет со суспензија од една средба, но за неспортското однесување доби уште два.

Барса се жалеше на одлуката, но апелација ја потврди првичната санкција. Каталонците денеска ќе се жалат и до спортскиот арбитражен суд во Лозана, кој треба да донесе одлука до крајот на денот.

Share.

Leave A Reply