Нејмар во ПСЖ, можен ли е овој трансфер ?

0

Ѕвездата на Барселона Нејмар може да стане фудбалер на ПСЖ, ако преговорите меѓу клубот и играчот бидат успешни, соопштува каталонскиот весник „Спорт”.

Во текот на денот локалните медиуми објавија дека Бразилецот не е среќен на „Камп Ноу”, а потоа се спомнаа и контактите со ПСЖ. Таткото на играчот и неговиот агент ќе патуваат оваа недела до Париз, за ​​да ја слушнат лично понудата на сопственикот на клубот Насер ал Хелаифи.

Во Шпанија се зборува дека новото засилување на ПСЖ Дани Алвеш веќе го убедил својот пријател, за да заиграат заедно. Проблем може да се покажат 200-те милиони евра откупна клаузула на Нејмар, кои ќе станат 250 милиони до следното лето.

Share.

Leave A Reply