Амар Стадмаер кој настапуваше за НБА екипите на Феникс, Мајами, Далас и Сакраменто, може да го засили грчкиот состав Панатинаикос.
Кошаркарот кој ги напушти САД откако ја заврши НБА кариерата и беше дел од шампионатите на Израел и на Кина, сега може да го гледаме во Евро-лигата доколку се остварат прогнозите во медиумите.
Според напишаното, Панатинаикос сака да го ангажира 37-годишниот ветеран кој со неговото големо искуство дефинитивно може да помогне во трката за трофеи во сите конкуренции.