Британскиот тенисер, Енди Мареј, поради повреда, ќе го пропушти завршниот дел од сезоната. Шкотланѓанецот кој има разочарувачка година со само една освоена титула, од истата причина мораше да го пропушти и Отвореното првенство на САД.
„Нема да бидам во можност да играм на турнирите во октомври во Шангај и Пекинг како и на тие во Виена и Париз на крајот на сезоната. Имам повреда со која се соочувам во последниве неколку месеци. Се консултирав со експертите и тие ми препорачаа да направам подолга пауза. Тоа е најдоброто решение за мојата иднина” напиша Мареј на неговиот профил на „Фејсбук“.
30-годишниот Шкотланѓанец од поодамна го загуби првото место на светската ранг-листа.