Неколку екипи заинтересирани за Пако Алкасер

0

Две екипи се заинтересирани за играчот кој е длабока резерва во Барселона и се покажува како непотребен во тимот на Валверде – Пако Алкасер.

Поранешниот шпански репрезентативец не успеа да се наметне во тимот и по заминувањето на Нејмар, одигрувајќи само три натпревари оваа сезона.

Саутемптин и Лил веќе прашуваат за цената на напаѓачот, но не е исклучено Алкасер да биде пратен со позајмица и во некој шпански тим.

Алкасер стана непотребен, откако тренерот на Барса Ернесто Валверде започна да го користи Лионел Меси како втор напаѓач зад или на местото на Луис Суарез. Се оечкува уште двајца играчи да го напуштат „Камп Ноу“ во јануари, а тоа се Томас Вермален и Арда Туран.

Share.

Leave A Reply