Неколку мега пресметки не чекаат во Лига Европа

0

Денеска ќе се одиграат 15 натпревари од 1/16 финалето во Лига Европа откако претходно  Црвена Ѕвезда и ЦСКА (Москва) ремизираа во Белград без голови. Од денешната понуда во преден план излегува дуелот меѓу Наполи и РБ (Лајпциг).

Двата тима испаднаа од Лигата на шампионите и сега ќе се обидат тоа да го надоместат со добри игри во второто по ранг натпреварување во Европа.  Италијанците имаат повеќе искуство во меѓународна конкуренција  што им дава мала предност, но, Германците не треба да се потценат. Вториот интересен натпревар е меѓу Лион и Виљареал. Тоа се два тима кои одлично котираат во шампионатите на Франција и на Шпанија. Тие секако се меѓу фаворитите за победничкиот пехар но, за жал еден од нив ќе биде елиминиран во раната фаза.

Внимание треба да се посвети и на уште неколку натпревари меѓу кои се наметнуваат Остерсунд- Арсенал, потоа ѓу Селтик и Зенит и гостувањето на Атлетико Мадрид во Копенхаген. Тука се вклопува и мечот меѓу Борусија (Дортмунд) и Аталанта.

Share.

Leave A Reply