Нексе и покрај поразот во Битола оди во 1 /4 финалето

0

Тренерот на ракометарите на Нексе, Хрвоје Хорват, призна дека во четвртфиналето на СЕХА лигата оди посреќната екипа. Неговиот тим загуби во Битола, но, ја одбрани предноста од првиот меч.

„Пред сè сакам да ѝ честитам на публиката за одличната атмосфера која ја приреди. Што се однесува до натпреварот, решаваа нијанси, можеби нашата игра „7 на 6“, но, кога ќе се собере сè мислам дека победи посреќната екипа“ – вели Хорват.

„Ние сме поискусни, долго сме заедно, за разлика од домаќинот. Еурофарм Пелистер има квалитети и верувам дека со ќе бележи позитивни резултати“ – потенцираше тренерот на хрватскиот состав.

Share.

Leave A Reply