Нема да бидеме домаќини на евентуално финале во Лигата на нации

0

Нашите најдобри фудбалери доколку го елиминираат Косово во полу-финалето во Лигата на нации, завршниот меч за пласман на ЕП во 2020 година ќе го одиграат во Тбилиси или во Минск.

Тоа ќе зависи од исходот на второто полу-финале меѓу Грузија и Белорусија кое е на програмата во март догодина. Денешната ждрепка во Нион одлучи победникот од мечот меѓу Македонија и Косово кој ќе се одигра на 26 март во нашава земја,  потоа да ја има улогата на гостин во Грузија или Белорусија.

Еве го комплетниот распоред во сите конкуренции
Лига А

Исланд – Романија (домаќини во финале)
Бугарија – Унгарија

Лига Б
Босна и Херцеговина – Северна Ирска (домаќини во финале)
Словачка – Република Ирска

Лига Ц
Норвешка – Србија (домаќини во финале)
Израел – Шкотска

Лига Д
Грузија – Белорусија  (домаќини во финале)
Македонија – Косово

 

 

Share.

Leave A Reply