Нема да има реванш Фјури-Вајлдер

0

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, нема да боксува против Дионте Вајлдер. Тоа беше објавено од страна на Светскиот боксерски совет кој добил писмо од Тајсон Фјури со кое тој го одложи враќањето во рингот.

Од штабот на Вајлдер биле подготвени да се договорат за втор меч, но, Британецот проценил дека прво ќе излезе на рингот против друг ривал пред да го реализира реваншот. Тој планира да има дуел во текот на летото иако засега нема договорено противник.

Фјури неодамна потпиша одличен финасиски договор со промотерската компанија – „Top Rank“ и медиумскиот гигант „ЕSPN“ за емитување на неговите мечеви. Меѓу варијантите за можен противник се издвојуваат имињата на: Кубрат Пулев, Џозеф Паркер, Оскар Ривас и Дилијан Вајт.

Share.

Leave A Reply