Нема да има тениски турнири во Кина

0

Професионалното тениско здружение (АТП) и женската тениска асоцијација (ВТА) ги откажаа традиционалните турнири во Кина откако Пекинг воведе забрана за одржување на меѓународни натпревари до крајот на годината како дел од безбедносни мерки против ширењето на корона-вирусот.

Вкупно четири турнири во терминот од 28 септември до 18 ноември традиционално беа на календарот на АТП. Тоа се собирите со Ченгду, Хушчан, Пекинг како и Мастерсот во Шангај. Што се однесува до турнирите под капата на „ВТА“, тука бројката е поголема.

Станува збор за седум настани кои беа предвидени да се одржат во периодот oд 12 октомври – 29 ноември вклучувајќи го и финалето на ВТА на осумте најдобри во Шенжен од 8 до 15 ноември.

Share.

Leave A Reply