Организаторите на „Moto GP“ шампионатите решиле да ја откажат трката за ГН на Катар во кралската класа поради корона-вирусот, но, да дозволат да се реализираат трките во Мото 2 и Мото 3 шампионатите бидејќи екипите и возачите се пристигнати во Катар.
Поради појавата на епидемијата на корона-вирусот, сите возачи ќе бидат прегледани и доколку немаат никакви здравствени проблеми ќе добијат зелено светло да се појавата на патеката.
Од друга страна, бидејќи дури шест возачи во кралската класа доаѓаа од Италија, земја во која има најмногу заболени од корона-вирусот, организаторите се определија да го откажат тоа натпреварување.