Македонските најдобри ракометари го претрпеа првиот пораз на Европското првенство.Тие денеска загубија од Чешка со 27 спрема 25 во рамките на второто коло во групата „Б“.
По нашето добро издание во првото полувреме кое ни донесе предност од 11:9, Чесите се консолидираа во второто и на крајот успеаа да ги освојат бодовите. Капитенот, Кире Лазаров со 11 голови беше најпрецизен во нашиот табор, Манасков даде пет, Георгиевски четири. Голманите го немаа посакуваниот ефект.
Македонија во последното коло во групата ќе се сретне со ко-домаќинот на ЕП, селекцијата на Австрија. Тој меч ќе биде одигран во вторник со почеток во 18.15 часот.