Нема позитивни во Премиер лигата по четвртиот бран на тестирања

0

Англиската Премиер лига на својата официјална веб-страница ги објави резултатите од четвртиот бран тестирање на играчи, тренери и клупскиот персонал за инфекција со коронавирус.

На 28 и 29 мај беа извршени 1.130 анализи. Ниту еден од нив не се покажа како позитивен. Во текот на претходните три рунди на тестирање за КОВИД-19, откриени беа 12 заразени.

Тестирање за коронавирус во Премиер лигата:
Првиот бран: 17 – 18 мај, 748 тестови, шест позитивни резултати во три клуба.
Вториот бран: 19 – 22 мај, 996 тестови, два позитивни резултати во два клуба.
Трет бран: 25 – 26 мај, 1008 тестови, четири позитивни резултати во два клуба.
Четвртиот бран: 28 – 29 мај, 1130 тестови, нема позитивни резултати.

Премиерлигата планира да ја продолжи сезоната 2019/20 на 17 јуни. Поради пандемијата, натпреварите ќе се играат зад затворени врати.

Share.

Leave A Reply