Шпанецот, Рафаел Надал, сo 9.310 поени останува на челната позиција на АТП листата. Веднаш зад него е Роџер Федерер од Швајцарија со 7.080 додека Александар Зверев (Русија) има 5.665 поени.
Во Топ 10 влегуваат и : Хуан Мартин дел Потро со 5.395 поени, Кевин Андерсон со 4.655, Григор Димитров со 4.610, Марин Чилиќ со 3.905, Доминик Тим со 3.665, Џон Иснер со 3.490 и Новак Ѓоковиќ со 3.355 поени.
Во првите десет единствена промена е прогресот на Доминик Тим кој се проби на осмото место додека Американецот, Џон Иснер, се спушти на деветото.