Нема семафори, нема дерби Работнички – МЗТ Скопје А.

0

140-тото градско дерби меѓу вечните ривали Работнички и МЗТ Скопје А. е одложено. Причина, расипаните семафори кои треба да го мерат времето за напад.

Домаќинот на мечот не успеа навреме да обезбеди соодветен семафор, па делегатот Зоран Николовски немаше друг избор освен да го одложи мечот.

Засега останува непознато кој ќе биде новиот тремин за одигрување на големото кошаркарско дерби во Скопје.

Share.

Leave A Reply