Дури 29 клубови од НФЛ лигата се сместени меѓу првите 50-ет во последната анкета на Магазинот „Форбс”. Листата е направена со анализа на НФЛ; НХЛ, НБА, МЛБ, фудбалските тимови, како и екипите во Формула 1 и Наскар.
На првото место на највредните екипи се наоѓа тимот на Далас откако „каубојците” се проценети на сума од 4.8 милијарди долари. Зад нив се европските фудбалски гиганти Манчестер Јунајтед (4.12 милијарди), Реал Мадрид (4.08) и Барселона (4.06).
Во Топ десет уште влегуваат и: Њујорк Јенкис (МБЛ), Њу Ингланд Петриотс (НФЛ), Њујорк Никс (НБА), ЛА Лејкерс (НБА), Њујорк Џајентс (НФЛ) и Голден Стеј Вориорс (НБА).