НХЛ го продолжи карантинот за екипите

0

Националната хокеарска лига на САД и Канада им препорача на играчите да го зголемат периодот на само-изолација до 10 април.

Мерката  сè уште не е официјална и треба да стапи на сила пред 27 март кога треба да истече првично објавениот рок за затворање на сите спортски објекти. Одлуката за прекин на регуларната сезона во НХЛ лигата беше донесена на 12 март поради пандемијата со –„КОВИД-19“.

Во изминатите два дена, комесарот на НХЛ, Гери Бетман, оствари серија состаноци со лидерите на екипите за да разговара за опциите за излез од целата ситуацијата.

 

 

 

Share.

Leave A Reply