Ни 51 поен на Вестбрук не донесоа победа за Оклахома

0

Неверојатниот плеј на Оклахома Расел Вестбрук постигна 51 поен, но не успеа да им му ја донесе првата победа на својот тим во првата рунда од плеј-офот во НБА лигата. Ниту 43. трипл-дабл ефект оваа сезона не беше доволен Оклахома да слави во тексас во вториот меч против екипата на Хјустон.

Вестбрук средбата ја заврши со 51 поен, 13 асистенци, 10 скокови и 4 украдени топки, но на крајот Дејмс Харден и неговите колеги од тимот на „ракетите“ се радуваа на триумф од 115-111. Победа обезбедија и кошаркарите на Вашингтон кои поведоа со 2-0 во серијата над Атланта откако на домашен терен синоќа славеа со 109-101.

Во последниот дуел од синоќешната серија вицешампионот Голден Стејт го прегази Портланд со 110-81 и со 2-0 зачекори кон следната фаза од плеј-офот. Вечерва на програмата се третите пресметки меѓу Индијана и Кливленд (2-0), Милвоки и Торонто (1-1) и Мемфис и Сан Антонио (0-2).

Share.

Leave A Reply