Ни треба победа од 5 коша разлика против Косово

0

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска против Косово влегува во третиот претквалификациски меч за СП со надеж дека, конечно, по сите кризи ќе успееме да ја извојуваме првата победа. Стартните два порази од Косово и Естонија не ставија под притисок без право на грешка да ги минеме последните две кавлификациски средби, ако сакаме место во следната квалификациска фаза.

По поразот од четири поени во Приштина, покрај победата, ќе биде потребно таа да биде изразена и со повеќе од 5 поени, во случај на идентичен број победи, да имаме подобар кош-количник од репрезентацијата на Косово.

Доколку Македонија победи со пет или повеќе поени разлика, ќе го обезбеди најмалку второто место во групата, што ќе значи и помал притисок на гостувањето кај Естонија.

Share.

Leave A Reply