Ница нема намера да го продолжува договорот со Балотели

0

Претседателот на Ница, Жан-Пјер Ривие изјави дека францускиот клуб нема да го продолжи договорот со италијанскиот напаѓач Марио Балотели. Договорот на Супер Марио со Ница завршува оваа сезона.

„Мислевме дека Марио ќе го напушти клубот минатото лето, па го пропушти подготвителниот период. Поради ова, тој не игра во првата половина на сезоната. Но, Марио не го загубил талентот. Не, мислам дека ќе го продолжиме договорот во јуни, тој ќе морфа да си побара нов клуб“, изјавил првиот човек на Ница.

Балотели одигра само на 10 натпревари од првенството во Франција, во кои забележал една асистенција и дури пет жолти картони.

Share.

Leave A Reply