Нико Ковач задоволен од резултатот 0:0 на „Енфилд“

0

Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач изрази задоволство од нерешените 0:0 на гостувањето кај Ливерпул во првиот 1/8-финален дуел од Лигата на шампионите. Резултатот дава добри шанси на баварците да продолжат понатаму по реваншот во Минхен на 13 март.

„Чашата е половина полна и половина празна. Не можам да се сетам на многу клубови кои не загубиле или не примиле гол на „Енфилд“. Игравме компактно и на високо ниво, и тактички и ментално. Ние не постигнавме гол, но исто така и не дозволивме да примиме. Домашните натпревари носат предност, бидејќи кога ќе играте пред 75 000 сопствени навивачи, работите се сосема различни и во твоја корист. Во некои ситуации, можевме подобро да ги завршиме нашите шанси, но не успеавме”, рече Нико Ковач по мечот со Ливерпул.

Share.

Leave A Reply