Никој не е како Хари Кејн, 9 гола во 9 меча од ЛШ

0

Напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн го постигна својот деветти гол во Лигата на Шампионите во 35-та минута на натпреварот кој Тотенхем го одигра со Јувентус  (2:2) како гостин во првиот 1/8-финалене натпревар од ЛШ.

Тоа беше деветти натпревар за 24-годишниот англиски репрезентативец во ова натпреварување. Така Кејн постави нов рекорд во Лигата на шампиони. Досега немаше фудбалер во историјата на ова натпреварување кој се запишал во листата на стрелци девет пати во првите девет натпревари во Лигата.

Досега најпрецизен според овој показател беа Роналдињо, Симоне Инзаги, Дидие Дрогба и Диего Коста, кои имаа по осум погодоци.

Освен тоа Хари Кејн го израмни англискиот рекорд за голови во рамките на една сезона од Лигата на Шампионите. Погодокот против Јувентус беше негов седми од почетокот на ова издание на ЛШ. Така напаѓачот на Тотенхем се изедначи со легендата на Ливерпул, Стивен Жерард, кој се запиша седум пати во листата на стрелците во сезоната 2008/09. Реванш натпреварот меѓу Тотенхем и Јувентус ќе се игра на 7-ми март на „Вембли”, а тоа ќе биде нова можност за Хари Кејн за подобрување на овој рекорд.

Share.

Leave A Reply