Нашите ракометни судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, денеска ќе имаат нова задача на Светското првенство во Египет.
Тие ќе се појават на средбата од 4-та група меѓу домаќинот Египет и Белорусија. Средбата меѓу „фараоните“ и Белорусите ќе започне од 18 часот во арената во Каиро. Тоа за нив ќе биде шестиот меч на Мундијалите.
Во истата група претходно Македонија ќе игра со Русија.