Нашиот фудбалски репрезентативец, Бобан Николов, потенцира дека Македонија мора да ја оправда фаворитската улога на саботниот меч со Лихтенштај во групната фаза во Лигата на нации.
„Сакаме да продолжиме со победничката серија. Се надевам дека ќе одиграме на високо ниво и дека ќе го потврдиме првото место на табелата. Нашата желба е да играме на Европското првенство“ –потенцираше Николов.
Македонија в сабота ќе му биде домаќин на Лихтенштајн на Арената во Скопје. Средбата ќе започне во 20.45 часот.