Николовски, Маслинко и Пајиќ отпаднаа за Приштина

0

Македонската кошаркарска репрезентација денеска заминува за Приштина, каде утревечер ќе го одигра првиот од двата предвидени дуели во продолжението на претквалификацискиот циклус за ЕП 2021 година. Селекторот Јорданчо Давитков одлучил за Приштина да не патуваат Кирил Николовски, Предраг Пајиќ и Андреј Маслинко, кои веќе беа дел од нашиот тим во подготвителниот период.

Изоставувањето на Николовски е мало изненадување, но веројатно силната конкуренција под кошевите со доаѓањето на Хендрикс си го направи своето. Македонија се надева на побед ана утрешниот дуел, па потоа в недела во Скопје уште еден атак на триумф против Романија.

Share.

Leave A Reply