Нирнберг останува без тренер по последното коло во Бундеслигата

0

Актуелниот тренер на Нирнберг Борис Шомерс ќе го напушти овој клуб по завршувањето на сезоната.

Тој одби да добие друга позиција во клубот и неговиот последен натпревар ќе биде против Фрајбург во последното коло во Бундеслигата кое се игра во сабота. Шомерц го презеде Нирнберг по ослободувањето на Михаел Колнер, кому му беше помошник.

Главен кандидат за местото кое во моментов го има Шомерс е Австрискиот тренер Дамир Канади, кој моментално е на чело на грчкиот тим Атромитос, но се смета за најсериозен кандидат за позицијата на Шомерс која ќе биде испразнета за неколку дена.

Share.

Leave A Reply