Кеј Нишикори (Јапонија), финалист на УС Опен во 2014 година, ќе го пропушти годинашново издание кое започнува на 31 август на терените во Њујорк.
Нишикори кој во последниве 15-на дена двапати се тестирал за КОВИД-19, рече дека е негативен на тестовите, но не се чувствува подготвен да игра.
„Почнав да тренирам, но по толку долга пауза мислам дека не е паметно да учествувам додека не бидам целосно подготвен. Разочарувачки е затоа што го сакам УС Опен, каде што имам толку добри спомени“ – искоментира Јапонецот кој го има31-то место на АТП листата.