Њу Ингланд Патриотс го освоија 53. Супер Боул

0

Њу Ингланд Патриотс ја освоија својата шеста титула во НФЛ лигата, откако триумфираа рано утринава на 53. издание на популарниот Супер Боул.

Во финалето одиграно во Атланта, „Патриотите” ги совладаа Лос Анџелес Ремс со 13:3 и вечната листа се израмнија со Питсбург Стилерс.

Финалето беше подпросечно, што ги разочара големите фанови на спортскиот и телевизиски спектакл во САД. Ова беше финале со најмалку поени и возбудувања. Малку повеќе атракција имапе во зваршните 10-тина минути, но и тие не успеаја да го поправат впечатокот.

На полувреме резултатот беше 3:0, по што Ремс успеаја кон крајот на третиот период да израмнат за 3:3. Во последните 10 минути се разбуди Том Брејди кој, максимално го користеше фантастичниот Џулијан Еделман и на седум минути пред крајот се изборија за тачдаун кој беше прв и решавачки.

МВП на финалето е прогласен играчот на Њу Ингланд Петриотс, Џулијан Еделман.

Share.

Leave A Reply