Еден од најпопуларните НБА тимови низ историјата, Њујорк Никс планира да го донесе 35-годишниот Крис Пол како нова ѕвезда на тимот за следната сезона. Според вестите од САД, Пол ќе заработи 41 милиони долари за следната сезона и три милиони помалку за годината потоа.
Американскиот новинар Иан Бегли известува дека Никс се многу заинтересирани за Пол и неговото „искуство и победнички менталитет“ што би го донел во „Големото јаболко“.
Шпекулациите се предизвикани и од фактот дека Лион Роуз е поранешен агент на искусниот Пол и има одлични релации со него. Моментно Роуз е на позицијата претседател на Њујорк.