Њукасл ќе оди на продажба

0

Сопственикот на Њукасл, Мајк Ешли, официјално објави дека е подготвен да се раздели со контролниот пакет акции на британскиот клуб. Изјавата ја дал неговиот адвокат, Ендру Хендерсон, во ексклузивното интервју за „Sky Sports“.

„Има значителни инвестиции во последниве години, но постои чувство дека она што е направено досега е направено. Можеби е време за промени. Нашата намера е до Божиќ клубот да биде во рацете на нов сопственик “, изјавил адвокатот.

Ешли купи 100% од акциите на Њукасл во 2007 година за 134 милиони фунти. Сè уште не е јасно дали сегашниот сопственик  добил понуди за Њукасл или допрва ќе очекува некој да ја даде првата понуда.

Share.

Leave A Reply