Играчот од средниот ред на Шалке 04, Набил Бенталеб, наскоро може да се пресели во Њукасл, пренесува „Скај Спорт“.
Според изворот, 25-годишниот Алжирец веќе пристигнал во Англија за да помине медицински преглед. Се очекува Њукасл да го ангажира играчот од средниот ред до крајот на сезоната. Бенталеб нема одиграно ниту еден натпревар оваа сезона, во моментов настапуваше за вториот тим на Шалке. Фудбалерот од2013-2017 беше дел од екипата на Тотенхем каде одигра 46 натпревари.
Њукасл загуби двајца од своите главни дефанзивци до крајот на сезоната. Џетро Вилемс и Пол Думет кои испаднаа од составот поради повреди. Ова го откри менаџерот Стив Брус. Вилемс (25) оваа сезона одигра 20 натпревари за Њукасл, постигнувајќи два гола и направи три асистенции. 28-годишниот Думет одигра 28 натпревари. Оваа екипа во моментов се наоѓа на 12-то место во Премиер лигата со 29 поени од 23 одиграни натпревари.