Ночиони верува дека неговиот сонародник треба да оди во НБА

0

Аргентинската кошаркарска легенда и поранешен играч на „Чикаго Булс“, „ТАУ Керамика“ и Реал Мадрид, Андрес Ночиони, го советува играчот на „кралевите“, Фаундо Кампацо, да ја продолжи кариера во НБА лигата.

„Мислам дека Реал Мадрид треба да ги разгледа понудите на НБА тимовите. Мислам дека Кампацо треба да замине во НБА, тоа е реалноста. Не е лесно играчите сами да донесат одлуки“ – вели Ночиони.

Доколку Кампацо се определи да замине во најсилната лига на светов, според клаузулата во неговиот договор, ќе мора да му плати на шпанскиот состав нешто повеќе од 4, 5 милиони долари. Остатокот од сумата до 5 милиони ќе треба да ја покрие тимот што ќе го ангажира.

Share.

Leave A Reply