Голманот на германската репрезентација, Мануел Ноjер, кој во изминатиот септември ја скрши ногата, денеска конечно се појави на тренинг на Баерн Минхен. Тоа се случи пред утрешниот дуел со Хановер во Бундеслигата.
„Ние сме исклучително задоволни од неговата здравствена состојба. Сеуште е премногу рано да се зборува за неговото враќање на теренот” – изјави тренерот на Баварците, Јуп Хајнкес. Бундеслигата ќе заврши за околу три недели а луѓето од Баерн веруваат дека Ноер ќе може да заигра по 5 мај.
Во меѓувреме селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јоаким Лев, изјави дека е оптимист во врска со учеството на голманот на Светското првенство во Русија.