Капитенот на Баерн Минхен, Мануел Нојер е опоравен од стомачниот вирус, кој го мачеше последниве денови и е подготвен да учествува на дуелот со Келн в недела, изјави тренерот на Баерн Минхен, Ханзи Флик.
Нојер, како и дефанзивецот Давид Алаба, кој имаше помал проблем со мускулите, целосно учествуваа на денешниот петочен тренионг.
Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ изјави дека неговите фудбалери не се загрижени за тоа што нивната серија од шест последователни победи беше прекината минатата недела и дека РБ Лајпциг може да биде пред нив во пласманот доколку победат против Вердер Бремен во сабота.
„Ние гледаме во себе. Најважно за нас е да ги добиеме нашите натпревари. Јас не ја гледам табелата и пласманот на кое место сме“, рече Салихамиџиќ. Баерн не загубил против Келн повеќе од девет години, освојувајќи десет од нивните 11 натпревари во тој период.