Голманот на фудбалскиот состав Баерн Минхен, Мануел Нојер, кој вчера се израдува на нова титула во Бундес-лигата, успеа да го изедначи рекордот на легендарниот, Оливер Кан, кога станува збор за така наречени „суви мрежи“.
Баварците славеа убедливо против Борусија Менхенгладбах со 6:0 а Нојер го одигра 204 меч на кој успеа да ја сочува недопрена неговата мрежа.
Нојер за да го изедначи рекордот на Кан требаше да одигра 444 натпревари додека на Кан за истиот подвиг му беа потребни 557 средби.