Нојер сепак нема да мора да биде опериран

0

Првиот голман на Баерн Мануел Нојер нема да се подложува на нова операција. Тој доби фрактура на левото стапало при поразот од Реал (Мадрид) со 2:4 по продолженија на „Сантијаго Бернабеу” во реваншот од 1/4-финалето на Лигата на шампионите.

Сигурно е дека Нојер нема да игра повеќе во оваа сезона. Пред три недели 31-годишниот голман претрпе операција на ногата и сега не е потребно да има нова хируршка интервенција.

Од лекарскиот тим на Баерн потврдиле дека Нојер ќе оди на пауза и на рехабилитација, но нема потреба од хируршка интервенција.

Share.

Leave A Reply