Атлетичарот, Мајкл Норман, одлучил да трча само на патеката од 400 метри на Олимписките игри во Токио во 2020 година. 21-годишниот спринтер кој има одлични резултати на 200 и 400 метри, вели дека сака да се фокусира само на една дистанца и да биде сигурен дека ќе освои медал.
„Јас навистина верувам дека ќе го земам медалот на 400 метри. Секако дека тоа може да се постигне “ – рече Американецот. Досега само двајца атлетичари се појавија на патеките од 200 и 400 метри на една Олимпијада . Тоа се Мајкл Џонсон во 1996 година и Алисон Фликс во 2016 година.
Норман доколку победи на патеката од 400 метри на СП во Доха и на ЛОИ воТокио, најави, дека во 2021 година ќе се насочи на патеката од 100 метри.