Норвешка доминација во Лејк Луис и оваа година

0

Норвешкиот скијач, Кјетил Јансруд е победник на супервелеслаломот во канадскиот зимски скијачки центар, Лејк Луис.

Јансруд зад себе го остави младиот Австриец, Маркус Крихмаер, а третото место му припадна Мауро Кавицел од Швајцарија.

Интересно е што од 2010 година, па наваму, практично секоја година на истата оваа патека победува скијач од Норвешка. Скоро да се менуваат Јансруд и Свиндал, кои се непобедливи на оваа патека. Следниот викенд скијачите одат во Бивер Крик каде ќе возат три трки. В петок е на програмата нова Супер-Џи трка, в сабота спуст, а во недела велеслалом.

Share.

Leave A Reply