Норвешка го загуби Род до крајот на ЕП

0

Репрезентацијата на Норвешка е еден од фаворитите за медал на ова ЕП во ракомет, но доби сериозен удар по мечот со соседот Шведска кој го доби на теренот и со тоа е на чекор до пласма н во полуфиналето на ЕП.

Сепак, во редовите на Норвежаните немаше многу простор за славје по оваа победа, затоа што сите беа во исчекување од резултатите од повредата на еден од најдобрите ракометари на селекцијата, Магнус Род.

Десниот бек се повреди уште на стартот од натпреварот, а денешните детални прегледи утврдија дека се работи за посериозна повреда и Европскиот шампионат за ракометарот на Флензбург е завршен.

„Сакав да помогнам и заедно со мојата селекција да одиграме квалитетно полуфиналето, а со тоа да се избориме за финалето, но немав среќа. Секогаш го давам максимумот за Норвешка, жал ми што сега кога е најпотребно нема да можат да сметаат на мене“, изјави Род.

До крајот на втората групна фаза, Норвешка треба да одигра уште два натпревари, првиот го игра утре против Исланд, а потоа со Словенија.

Share.

Leave A Reply