Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, ќе добие дополнителен буџет за купување на нови фудбалери во јануарскиот трансфер период. „Црвените ѓаволи“ откако не успеаја да ги засилат сите проблематични позиции во текот на летото, сега најавија дека ќе бидат активни во текот на зимата.
Главна цел ќе биде да се привлече централен напаѓач и уште еден играч од средниот ред. Јунајтед в пресрет на сезоната потроши 140 милиони фунти ангажирајќи тројца нови играчи – Хари Мегваер, Арон-Ван Бисака и Даниел Џејмесон.
Во исто време од „ Олд Трафорд“ си заминаа шест фудбалери а нивните трансфери ја пополнија клупската каса со 79,6 милиони фунти. Избраниците на Солскјер во првите 4 кола во Премиер лигата имаат една победа, еден пораз и два нерешени меча.