Tренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер, планира да ги продаде напаѓачите Ромелу Лукаку и Алексиси Санчез и да купи нови фудбалери во текот на летниот трансфер период.
Лукаку воопшто не ги оправда очекувањата на „црвените ѓаволи“ по скапиот трансфер од Евертон додека Чилеанецот соочен со многу повреди речиси и не доби вистинска шанса за докажување.
Британските медиуми тврдат Белгиецот бил понуден на ПСЖ, Интер и на Баерн, но, ниту еден од трите клуба не сака да испрати понуда од најмалку 60 милиони евра.