Оле Гунар Солскјер верува дека Манчестер Јунајтед има квалитет да го елиминира Пари Сен Жермен кој се вбројува меѓу фаворитите за освојување на Лигата на фудбалските шампиони. Средбата меѓу „црвените ѓаволи“ и францускиот тим ќе се одигра денеска од 21.00 часот на „Олд Трафорд“.
„Со нетрпение го чекам тој меч. За играчите и за навивачите тие натпревари се посебни. Сакам и моите фудбалери да веруваат во себе и да влезат во дуелот мотивирани” – вели Солскјер.
„Тие ги имаат најдобрите играчи на светот: Буфон, Нејмар, Тијаго Силва, Кавани, Верати… Го имаат и еден од најдобрите млади фудбалери – Мбапе. Сега е време да победиме во голем натпревар” – додаде Норвежанецот кој има импресивна серија од 10 победи откако седна на клупата на Манчестер Јунајтед.