Екипата на Манчестер Јунајтед во 1/4 финалната фаза во Лигата на фудбалските шампиони ќе игра против шпанската Барселона.
Тренерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер, по денешното составување на двојките, изјави, дека воопшто не се грижи околу репутацијата на противникот и тоа што во неговите редови настапува еден од најдобрите фудбалери на денешницата- Лео Меси.
„Не ни е грижа против кого играме. Во оваа фаза не можете да добиете лесен противник затоа што го нема. Покрај тоа, ако сакате да станете европски шампион, секогаш морате да бидете подготвени сите да ги победите“ – изјави Солскјер.