Норвежани ќе ни судат не мечот со Шведска

0

Денешениот натпреварувачки ден на СП во Египет носи седум натпревари од првото коло. По вчерашната победа на Египет против Чиле од 35:29 од групата Г каде ќе игра и Македонија против Шведска, денес ќе бидат одиграни уште шест натпревари.

ИХФ ги делегираше норвешките судии Јорум и Клевен да ја делат правдата на овој натпревар, а делегат ќе биде Австриецот Рајсингер. Овие судии никогаш досега не им суделе на нашите ракометари на Мундијалите. Резервен судиски пар ќе бидат сестрите Бонавентура од Франција.

Натпреварот се игра со почеток од 20:30 часот, а непосредно пред почетокот селекторите ќе ги објават официјалните тимови со кои ќе настап на овој натпревар.

Освен овој натпревар денес уште играат:

Група Х
15.30 Белорусија – Русија
18.00 Словенија – Ј.Кореја

Група Ф
18.00 Алжир – Мароко
20.30 Португалија – Исланд

Група Е
18.00 Австрија – Швајцарија
20.30 Норвешка – Франција

Share.

Leave A Reply