Нов пехар за Маркез

0

Марк Маркез од Шпанија ја освои титулата во најсилната категорија во светскиот шампионат за мотори откако на денешната трка на домашен терен во Валенсија го обезбеди  третото место.

Тој се искачи на подиумот заедно со победникот, Дани Педроса и Јохан Зарко кој помина како втор низ целта. Андреа Довициозо кој му беше главниот конкурент на Маркез во трката за титулата излета од патеката на шест круга пред крајот.

Tокму тој момент му овоможи на домашниот возач да се израдува на победничкиот пехар. За Маркез тоа е четвртата титула во Мото ГП шампионатот

 

Share.

Leave A Reply