Македонската фудбалска репрезентација направи скок од нов две места на ФИФА листата за овој месец. Нашите најдобри фудбалери одлично го започнаа настапот во рамките од Лигата „Д” во УЕФА Лигата на нации и со двете победи над Гибралтар и Ерменија направија нов напредок на листата, каде сега се наоѓаат на 68. место.
Во првото коло славевме кај Гибралтар со 2.0, а со истиот резултат во Скопј етриумфиравме и над Ерменија. Овие две значајни победи им донесоа нов скок на ФИФА листата, на која, пак, немаше промени во првата „десетка“.
На делба на првото место се наоѓаат Белгија и Франција со по 1729 поени, а на третата позиција е Бразил со 1663 поени.