Сестрите Илина (12) и Ева (8) Соколовски досега многу пати покажале дека се македонска гордост во Германија. Од натпреварите во ритмичка гимнастика освојуваат само први места, а тоа се случи и минатата недела, кога стартот на првенството го почнаа со златни медали.
Во германскиот град Боркен се одржа државниот натпревар, на кој и Илина и Ева победија во своите категории. Илина, иако има 12 години од годинава се напреварува во професионалната категорија со натпреварувачки од 15 години, и успеја да ги победи. Во нејзината категорија се натпреваруваа вкупно 19 спортистки, кои Илина ги надмина со квалитетот во двата настапи, односно две кореографии со чуневи и хулахоп.
Во категоријата на Ева, пак, се натпреваруваа 16 спортистки и таа ги надмина без конкуренција. Ева со своите девет години досега имала девет натпревари и на сите девет го освои првото место.
Нема подобар старт од старт со прво место за нашите две девојчиња, кои сезоната ја почнаа со победа. Ова е само старт а и Илина и Ева се надеваат дека победите ќе ги има и на другите натпревари кои следуваат. Илина за две недели повторно ќе го брани првото места а Ева во април го има следниот натпревар.