Со организираниот фудбалски натпревар меѓу младите на Фудбалската Академија на Шкупи и на Влазрими од Слатино, во спортската сала во Чаир, започна реализацијата на проектот под мотото – „СПОРТ ДА, ДРОГА НЕ“.
Со тоа Општината Чаир и Министерството за Внатрешни Работи отворија ново поглавје на соработка за зајакнување на едукативните механизми за заштита на личноста на нашите млади од деструктивните појави.
„ Заедно со службите на Полициската Станица Бит Пазар и на Секторот за Внатрешни Работи – Скопје, испраќаме јасна порака против деструктивните феномени како што е дрогата. Тоа го правиме преку промовирање на спортот како уникатна вредност за нашата здравствена виталност ” – изјави Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу